Фатени дрвокрадци во село Дулица

Каменичката Шумска полиција информираше дека се фатени дрвокрадци во село Дулица. Станува збор за два одделни случаи, при што во првиот случај се запленети тринаесет метри кубни огревна дрвна маса и истата е предадена во шумски плац. Во вториот случај во двор на семејна куќа е затечена бесправно исечена и складирана дрвна маса во количина од шест метри кубни и таа исто така е одземена. Против сторителите се поднесени соодветни пријави.

Од Шумската полиција апелираат дека ќе има зголемени контроли и бараат од населението да ги почитува законите и да не врши бесправна сеча на шумите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *