Уште еден каменичанец ги засили редовите на РК Охрид

Ракометниот клуб Охрид со ангажманот на Дејан Гошески од Металург експресно ја пополни празнината на десната бековска позиција која настана после заминувањето на српскиот интернационалец Лазар Петровиќ во Шведска.

Гошески кој со охридскиот состав потпиша договор на една година доаѓа од младинската школа на Металург. Десниот бек ќе има можност за напредок и развивање на кариерата во правилен колосек под водство на тренерот Раде Стојановиќ.

Охриѓани во преодниот рок се засилија со голманот Никола Даниловски и каменичкиот млад пивотмен Кристијан Анастасовски, а го продолжија договорот со Јагош Брауновиќ, Крсте Андоновски, Иван Тасески, Борче Соколов и Бобан Блажески.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *