Училиштата во Македонска Каменица со нов систем за затоплување на почетокот од грејната сезона

 

Македонска Каменица, 15.10.2019 година – Со почетокот од грејната сезона, Во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица, денес свечено беше пуштен во употреба новиот систем за парно греење. Оваа инвестиција која ќе ги задоволува потребите за греење на околу 700 ученици во двете училишта во општина Македонска Каменица, ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и СОУ „Миле Јаневски Џингар“ чини 5.800.000,00 денари.

 

 

„Продолжуваме со подобрувањето на условите за образование во основните и средните училишта во општина Македонска Каменица. Со поставувањето на системот за парно греење во основното училиште, решаваме еден децениски проблем, ќе обезбедуваме подобрено греење во двете наши училишта, со зголемена енергетската ефикасност во објектите од училиштата. Минатата година, после цели 35 години целосно ја променета надворешната столарија на приземниот дел од училиштето, во моментов интензивно работиме на реконструкција на спортската сала, каде според динамиката на работите, поставувањето на новиот теренски под треба да финишира до крајот на годината“ – посочи градоначалникот Соња Стаменкова.

„Како локална самоуправа, која постојано вложува во подобрувањето на условите во училиштата, како дел од нашата програмска определба, за наредната година ја имаме планирано целосната замена на водоводната и канализациона инсталација во училиштето, санација на дел од кровната конструкција и замена на фасадната столарија од горниот кат на училиштето“ – додаде градоначалникот Стаменкова

 

 

Со реализацијата на овој проект, со подобрената енргетска ефикасност на објектот, значително ќе се зголеми заштедата на средства и значително ќе се подобрат условите за одвивање на воспитно – образовната дејност на вработените и престојот на учениците во училиштето.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *