Утврдени проектите за партнерството со Белица, Бугарија

Вчера,  се оддржа работен состанок помеѓу претставници од општина Македонска Каменица и општина Белица, Бугарија. На состанокот покрај градоначалниците Соња Стаменкова и Радослав Ревански и нивните тимови, присуствуваа и претставници од македонскиот Источно-плански регион. Утврдено е дека Македонска Каменица во партнерство со Белица на новиот повик на ИПА-Програмата за прекугранична соработка ќе аплицира со проект за поставување на модерно осветлување на кејот на река Каменичка и со проект за реконструкција на спортската сала во ООУ „Св. Кирил и Методиј“.

Инаку, партнерството на македонската и бугарската општина трае веќе десетина години и досега се реализирани низа заеднички проекти финансирани од европските фондови, а значително е продлабочена соработката и на други полиња, особено на културен план.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *