“Унгарски културен мозаик” во Дом на култура Македонска Каменица

Во Домот на култура во Македонска Каменица, на 17.12.2021 година, со почеток од 18:00 часот, ќе се одржи манифестацијата „Унгарски културен мозаик“.

Во рамки на двочасовната програма, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со изложба од дела на уметници Унгарци кои живеат во Македонија.
Исто така, граѓаните на Македонска Каменица и регионот ќе имаат можност да уживаат во дел од презентацијата на унгарската музика, вино и десерти.


Манифестацијата е дел од активностите на Унгарското Здружение во Македонија Теледом и Амбасадата на Унгарија во соработка со градоначалникот на општина Македонска Каменица.


Во рамки на манифестацијата, свое учество ќе земат и членовите на КУД „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица со кои оваа установа планира воспоставање на долгогодишна соработка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *