Украден автомобил во село Тодоровци

Украден автомобил од семеен двор во каменичкото село Тодоровци.

Како што информираат сопствениците на украденото возило, настанот е регистриран во 5 часот изутрина по што е известена полицијата.

-Украденото возило е Форд фокус со сива боја и регистарски таблички МК 0927 АВ. Aпелираме доколку некој го забележи да ја извести најблиската полициска станица, истакнаа од семејството чие возило е украдено.

Од неофицијални извори дознаваме дека по грабежот едно женско и две машки лица се забележани на надворешните камери кај Мотел Мерак каде исто така утрово имало обид за кражба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *