УБАВА ВЕСТ: Прва изложба на цртежи од младите каменички уметници од ликовната секција при КИЦ „Романса“ Македонска Каменица

УБАВА ВЕСТ: Прва изложба на цртежи од младите каменички уметници од ликовната секција при КИЦ „Романса“ Македонска Каменица

Како што стои во известувањето од КИЦ  Романса Македонска Каменица, по повод 8. Март  – Меѓународниот ден на жената, во Домот на култура ќе биде отворена правата изложба на цртежи изработени од младите каменички уметници при ликовната секција.
– Отварањето на ликовната изложба е на 8. Март 2023 година, со почеток од 12 и 30 часот. Ликовната изложба, заедно со учениците при ликовната секција, ќе ја отвори ликовниот уметник и менторот кој ја води ликовна секција, Климентина Соколовска – истакнува директорот на КИЦ Романса, Гоце Стојановски
Младите каменички уметници во ликовната секција работат веќе два месеци. Ова е прва изложба на нивни дела, настанати на часовите, кои се одржуваат секоја среда и петок. Ликовната изложба е одлична можност за љубителите на ликовната уметност, непосредно да се запознаат со работата на младите уметници од нашиот град. Исто така, претставува огромен поттик за младите во нивното понатамошно работење и развој на полето од ликовната уметност.
Во продолжение од настанот, со почеток од 13:00 часот во големата сала од Домот на култура, следува настан со читање на афоризми и поезија од роднокрајни автори, промоција на сликовници и настап на експерименталното театарче од соседно Делчево. Гости на настанот ќе бидат Миле Ѓорѓиоски и Христина Деолска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *