Убава вест за љубителите на филмската уметност. Филмот “Човек” (Хомо) ќе се прикажува во Домот на Култура

КИЦ Романса објави убава вест за љубителите на филмската уметност. Во Домот на култура во Македонска Каменица, во вторник 04.10.2022 година, со почеток од 20:00 часот, ќе се прикажува еден од најновите филмови на балканските простори, Човек (Хомо).

Во филмот Човек (Хомо) настапуваат едни од најпознатите македонски актери: Сашко Коцев, Игор Ангелов…

Филмот прикажува шест лица, шест состојби во луцидно поврзани епизоди проткаени со црн хумор. Безнадежните ликови случајно се среќаваат во модерната метропола, при бескрајни обиди да опстанат и најдат малку среќа. Невработениот дипломец станува гробар, ужалената вдовица – монахиња, свештениците се коцкаат, а со судовите владеат гангстери. И кога изгледа дека надежта е мртва, едно осамено момче успева да пронајде љубов…
Во продолжение и трејлерот за филмот:
https://www.youtube.com/watch?v=hINCj01pILg
режија: Игор Иванов-Изи
Дистрибуција: Скопје Филм Студио

Влезниците веќе се пуштени во продажба, истите можат да се набават по цена од 100 денари во просториите на Домот на култура.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *