Убава вест за најмладите: Во Домот на Култура утре ќе се прикажува филмот со авантурите на “Рафи”

Во детско-тинејџерскиот игран филм Рафи ќе ја следите приказната за големата авантура на малиот хрчак Рафи.
Проекцијата на филмот е во Домот на Културата во Македонска Каменица, со почеток од 18:00 часот, во среда 26.10.2022 година. Влезниците, по цена од 70 денари, веќе се пуштени во пеодажба. Истите може да се купат од Домот на култура.

Германскиот филм за деца „Рафи“ во режија на Аренд Агте Приказната се одвива околу малиот хрчак по име Рафи, куќно милениче на 8-годишниот Семи и подарок од неговиот татко. Рафи ќе се разболе од срце, ќе го украдат, а неговата потрага набрзо ќе стане одисеја на Семи низ големиот град Хамбург.
Домашното милениче на Семи е многу посебен хрчак наречен Рафи – не само што може да дава голови, туку и да намириса шверцувана роба. Но, еден ден, саканото милениче исчезнува. Ниту мајката на Семи, ниту неговата сестра немаат време да му помогнат да го бара Рафи, а таткото на Семи е далеку во Авганистан. Така Семи ја започнува потрагата самостојно.

Краток трејлер за филмот:

Картите уште од денеска можете да ги купувате во Домот на Културата…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *