УБАВА ВЕСТ ЗА НАЈМАЛИТЕ: Богат репертоар за деца во Домот на култура Македонска Каменица

КИЦ РОМАНСА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА НАЈАВУВА БОГАТ РЕПЕРТОАР ЗА ДЕЦА ВО ДОМОТ НА КУЛТУРА

Македонска Каменица, 03.04.2022 година – Како што стои во објавата од КИЦ “Романса” Македонска Каменица, “Во среда на 04.05.2022 година, со почеток од 12 часот, ќе биде отворена Ликовна изложба посветена на 119 годишнината од смртта на најголемиот македонски херој Гоце Делчев. На Ликовната изложба ќе бидат изложени дела од конкурсот на учениците при основното и средното училиште”.

“Во сабота на 07.05.2022 година, ќе биде прикажан анимираниот филм за деца “КАРИРАН НИНЏА”. Ова остварување е наменето за деца над 8 годишна возраст” – изјави директорот на КИЦ Романса, Гоце Стојановски

Влезници по цена од 100 денари можат да се купат во Домот на култура секој работен ден и во сабота пред почетокот на проекцијата.

Директорот Стојановски во изјавата кажа дека “12:00 часот во среда, 11.05.2022 година, е термин резервиран за изведба на претставата за деца “ЗЛАТНАТА РИПКА”. Детска театарска претстава за најмалите и повозрасни деца“.

Влезот за претставата “Златната рипка” е 70 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *