Уапсен 22-годишен дилер од Кочани

22-годишно момче од Кочани е приведено во полиција откако во неговиот дом биле пронајдени две ќеси со марихуана. Од полицијата информираат дека уапсениот П.Ѓ. е задржан во полициска станица и дека за случајот е известен јавен обвинител.

„Денеска (15.03.2023) полициски службеници од СВР Штип-ОВР Виница лишен е од слобода П.Ѓ.(22) од Кочани. При претрес во дом и други простории во Виница, каде што тој престојува, извршен со наредба од Основен суд Виница, пронајдени се и одземени две ќеси со марихуана, бела прашкаста материја, дробилка, дигитална вага, предмети со остатоци од прашкаста материја и поголем износ на пари“, велат од МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *