Уапсен Трајко Вељаноски

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е уапсен за настаните на 27 април и упадот во Собранието. Според извори од истрагата Вељаноски е осомничен дека е еден од организаторите на упадот во законодавниот дом.

Покрај него уапсени се и поранешниот министер за труд и социјална политика Спиро Ристовски, како и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски. Извори од истрагата потврдија дека се трага по уште две лица со иницијали Н.Г, кој е во бегство и Н.Б.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *