Турски студент во Штип си ја претепал девојката

Девојка од Скопје заврши во штипската болница откако брутално била претепана од нејзиното момче од Турција, инаку студент на УГД.

Без да претпостави дека средбата за неа ќе заврши многу лошо, скопјанката, како и многу пати до сега со момчето се сретнала на Градскиот плоштад во Штип. Дестинацијата потоа била како и секогаш кога двајцата се среќавале – изнајмениот стан на турскиот студент.

Но, текот на настаните бил многу поразличен од претходните, па по заклучувањето на вратата, наместо љубовна прегратка, скопјанката добила жесток ќотек.

Мажот од соништата безмилосно ја удирал со тупаници секаде каде што ќе стигнел. Спасот на девојката и дошол откако успеала меѓу две фази на ќотек да напише СМС порака до нејзината другарка која потоа веднаш повикала полиција.

При упадот на полицијата во станот насилникот бил затекнат како ја тепа девојката, по што веднаш бил уапсен, а девојката хоспитализирана во Клиничката болница во Штип. Таму лекарите констатирале многу набиеници и модринки, последица од силното тепање, но за среќа сериозни повреди опасни за нејзиниот живот нема. 

Што било причина 22 годишниот турски студент, со иницијали А.А. да покаже толку голема агресивност кон младата девојка сеуште не е познат, но веројатно е дека се работи за љубомора.

Случајот сеуште го истражува полицијата, по што насилникот ќе одговара и кривично.

  • преземено од Телевизија Стар – Штип
  • погледнете го прилогот на Телевизија Стар

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *