Тројца повредени во верижната сообраќајка на патот Македонска Каменица – Делчево

Три лица се повредени по верижна сообраќајна несреќа што денеска околу 12.50 часот се случи на регионалниот пат Македонска Каменица – Делчево, во близина на Баткова Чешма.

Според информации на Итната медицинска помош, повредените се хоспитализирани и дел од нив се упатени во најблиските клинички центри.

Бројката на повредени, како што додадоа, можно е да биде зголемена, поради поголемиот број на патници кои се наоѓале во возилата кои учествувале во верижниот судир.

На местото на несреќата увид вршат екипи на делчевската полиција, а присутно е и возило на противпожарната единица од Делчево.

Полицијата информира дека двајца од учесниците во сообраќајната несреќа побегнале од местото на несреќата.

Дополнителни информации за причините за несреќата и бројот на повредени лица од полицијата најавија во текот на денот.

Извор: МИА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *