Три лица повредени во сообраќајна несреќа во село Косевица

Македонска Каменица, 13.06.2020 година – Вчера во 13.25 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Косевица, кај маало „Чутурање“, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „шкода октавија“, со штипски регистарски ознаки, управувано од В.В.(19) и „форд фиеста“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Г.В.(59) од с.Косевица.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле Г.В. и сопатничката од истото возило Д.В. (68) од с.Косевица, а со телесни повреди се здобил В.В., констатирани во Клиничката болница Штип, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа на СВР Штип, соопшти полицијата.

Извор: 24Инфо.Мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *