Во деветото коло од третата македонска фудбалска лига, ФК Каменица Саса ја пречекува екипата на Плачковица од Радовиш. Саса моментално е на петтата позиција на првенствената табела и нова победа против второпласираниот тим на Плачковица ќе значи приближување кон врвот. Домашниот тим ќе настапи во најсилен состав, а за позитивен резултат потребна е поддршка и од публиката. Натпреварот се игра во недела (23-ти октомври), со почеток од 14.00 часот, на Градскиот стадион во Македонска Каменица