Тимот „MakBot Pioneers“ од Кочани замина на Светско првенство по роботика во Мароко

Тимот „MakBot Pioneers“ отпатува на Светското првенство по роботика ,кое од 18-21 Мај, ќе се одржи во Маракеш-Мароко.

Од СОУ “Гошо Викентиев” Кочани упатија благодарност до сите оние кои допринесоа да се реализира ова патување. Да се оствари сонот на младите ученици, да бидат со врсниците – натпреварувачи од целиот свет. Упатија честитки до учениците за успехот во целиот предизвик, за упорноста, способноста и знаењето.

– Посебна благодарност до Општина Кочани за нивната финансиска поддршка и до сите фирми кои ни излегоа во пресрет и помогнаа да се соберат средства за овој натпревар, – додаваат од MakBot Pioneers тимот, исто така, заблагодарувајќи се и до сите сограѓани кои донираа, веруваа во тимот и дадоа свој придонес во целиот проект.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *