Тешко повреден работник на патот Кочани-Штип

На 17.12.2021 во 12.00 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во болницата во Кочани со тешки телесни повреди бил донесен С.П.(54) од Пробиштип. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи на патот во изградба Кочани-Штип. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кочани и трудов инспектор. Се работи на расчистување на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *