Тешко повреден возач кој излетал од патот кај село Истибања и удрил во паркиран автомобил

Возач е тешко повреден во сообраќајка на магистралниот пат Македонска Каменица – Кочани. Според полицијата, во несреќата учествувале возило „ауди“ кое излетало од коловозот, а потоа удрило во паркирана „мазда“.

Вчера во 07.50 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица – Кочани, кај с.Истибања, виничко, патничко моторно возило „ауди“ со кочански регистарски ознаки, управувано од С.А.(34) од Кочани, излетало од коловозот и удрило во паркирано патничко моторно возило „мазда“ со винички регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Кочани“, велат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.

Извор: radiokocani.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *