Тешко повредена малолетничка од Кочани откако 68 годишник со „рено“ удрил во неа

На 23.02.2023 во 13.30 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Димитар Влахов“ во Кочани, патничко возило „рено клио“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Т.Ј.(68) од с.Горни Подлог, удрило во малолетничка од Кочани.

Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Здравствен дом во Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *