Тешкиот терен за игра ја спречи ЖФК Каменица САСА да слави со поубедлив резултат против ЖФК Деспина од Прилеп

Нови бодови за ЖФК Каменица САСА во 2. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија со победата од 2:1 над ЖФК Деспина од Прилеп.

Натпреварот се одигра на влажен и тежок терен за игра, што ги соречи двете екипи да прикажат подобар фудбал. Иако домашната екипа имаше блага иницијатива во текот на натпреварот, гостите беа достојни противници во текот на целите 90 минути.

Стрелци на головите за домашната екипа беа Ленче Андреевска и Пејтон Чик.

Тренерот на ЖФК Каменица САСА, Зоран Златковски натпреварот за неговата екипа го оцени како одличен, додавајќи дека “Врнежливото време и тешкиот терен малку попречија на двете екипи да прикажат поголем квалитет но сепак заслужена победа на нашите девојки против одличната екипа од Прилеп.”

ЖФК Каменица САСА има две победи во првите две кола од првенството. Во првото коло, каменичките девојки гостински терен ја совлада екипата на ЖФК Речица во Куманово со 11:0.

#ОдимеНапред #ОдимеДоКрај

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *