Тешка сообраќајна несреќа на патот Штип-Кочани кај село Чифлик. Патниот правец е затворен за сообраќај

Тешка сообраќајна несреќа на патот Штип-Кочани. Од АМСМ информираат дека патниот правец за затворен за сообраќај.

Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), едно лице со сериозни повреди е префрлено во болница.

РЦУК Штип, известува дека во 20:45 часот во с.Чифлик се случила сообраќајната незгода во помеѓу три патнички моторни возила. Сообраќајот на релација Штип -Кочани и Кочани – Штип е во целосен прекин и возилата се пренасочуваат по околните патишта. Едно лице се здобило со тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите е пренесено во Клинички центар во Штип, соопштија од ЦУК.

Фото: centar.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *