Телевизија Стар: Социјалец од Делчево живее со 1.600 денари, а Комуналното го остава без вода

Наместо стариот Идавер, кој живее од социјална помош од 1600 денари, решение за плаќање на заостанати сметки за вода, стигнале на име на еден од неговите синови кој работи во странство. Неговата снаа Хулија, не знае како се нашло името на нејзиниот сопруг Ѓунеј, на решението со кое треба да плати околу 10 илјади денари за вода, бидејќи куќата и водомерот се на име на незјиниот свекор.

  • Броилото е на свекорот, а тужен е мојот сопруг. Тој е сега должен да плаќа и заостанати фактури и нови, изјава Хулија, снаа на Идавер.

Ова создава револт кај семејството на синот Ѓунеј.

  • Не можеме се да покриваме, нивното оправдување е дека свекорот ако не плаќа, ќе биде блокирана сметката на сопругот, нели може тоа со известување, како вака, изјави Хулија, снаа на Идавер.

Оваа постапка на делчевското ЈПКД Брегалница за адвокатот Ахмедовски е спорна, па веќе е поднесен и приговор на решението.

  • Овој предлог е неоснован, бидејќи нема склучено договор со доверителот и броилото не е негово, а до него е поднесена и сметка за наплата, изјави Аксел Ахмедовски.

Според него ЈП не го почитува Законот за комунални дејности, бидејќи корисникот на комуналната услуга треба да има склучено договвор со ЈП,  а врши и импровизација на Законот за семејство.

  • Сметаме дека таква обрска не постои во Законот за семејство, во Законот постои обврска за издржување на децата и родителите, но по судска одлука, изјави Аксел Ахмедовски.

За правната служба на делчевското ЈП нема ништо спорно во решението со кое се задолжува синот, кој живее во истата куќа, да ја плати сметката на таткото и оттаму се повикуваат на Законот за семејство, според кој за обврските за комунални услуги, солидарно одговарале членовите на семејството. Инаку, според ЈП, ова семејство, должи за вода околу 40 илјади денари за последните 4 години, но според ЈП, стариот Идавер, вовлечен во оваа мака, се согласил долгот да го плаќа на рати, па решението на име на неговиот син ќе биде повлечено. 

Инаку, преку нотар, делчевското ЈП  на крајот од минатата година, испратило околу 200 решенија за извршување, од нив околу 20-ина се однесуваат за долгови на социјални случаи веќе побарале и помош од НВО сектор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *