Кога ќе споменеме Острог, веднаш помислуваме на место на кое се случуваат чуда. Православниот манастир Острог спаѓа меѓу најпосетените светилишта на Балканот. Во него доаѓаат посетители од сите религии и нации, бидејќи се верува дека моштите на Свети Василие Острошки се чудотворни. Манастирот Острог, кој е врежан во карпите, основан е од митрополитот Василије во XVII век. Највпечатлив дел од манастирот е Горен Острог, каде се сместени две мали цркви: горна – посветена на Светиот Крст, и другата, посветена на Воведение на Богородица.
Од 25-ти до 27-ми Август, Либеро Травел за Вас организира дводневно патување до манастирот Острог во Црна Гора. Попатни места за посета ќе бидат и ултра модерниот ТЦ Делта Сити во Подгорица и повеќечасовна прошетка на Стар Град и Словенска плажа во Будва.
Ова дводневно уживање, незаборавна прошетка и можност за шопинг, го добивате за само 1500 денари по лице.
Целосната понуда, распоредот и условите при патувањето, како и сите подетални информации можете да прочитате тука.
Резервирај на време!
Патувај само со лична карта!