Студено, слаб локален снег и северен ветер

Времето во текот на ноќта и утрово е умерено до значително облачно, во северозападните делови со слаб локален снег. Дува слаб, а на повеќе места и умерен ветер од северен правец.

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека во 7 часот најниска температура од -9 е измерена во Маврово. Во Крушево -8, Лазарополе -7, Крива Паланка и Берово -6, четири степени под нулата се измерени во  Охрид, Претор, Македонска Каменица и Виница, -3 во Струмица, -2 во Штип, Прилеп, Демир Капија, -1 во Битола, Тетово и Куманово, нула степени во Скопје и Дојран и 2 степена во Гевгелија.

Најмногу снег (7 сантиметри) утрово во 7 часот има во Попова Шапка и Маврови Анови и 1 см во Лазарополе.

УХМР за денеска најави променливо облачно и студено, со провејување слаб снег, особено на северот од земјава. Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен северен ветер со брзина и над 70 километри на час.  Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6 степени.

Во Македонска Каменица и Скопје претежно облачно со засилен северен ветер. И во делови од Скопската Котлина повремено ќе провејува слаб снег. Максималната температура ќе достигне 3 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *