Стојановски против Мбапе на стартот од француското првенство

Македонска Каменица, 02.07.2019 година – Македонскиот напаѓач Влатко Стојановски денеска го реализираше трансферот од соништата, потпишувајќи договор со францускиот прволигаш Ним. Стојановски беше најдобар стрелец во македонското првенство минатата сезона, бројните прекрасни погодоци беа доволна препорака за бројни понуди на негова адреса, па Стојановски на крајот се реши за преселба во Ним, во трансфер вреден вкупно 1,5 милиони евра.

А француската авантура на Македонецот не можеше да биде подобра ако се земе во предвид распоредот за новата сезона, кој вели дека Ним во првото коло му гостува на шампионот ПСЖ. Пред Стојановски е период на напорни тренинзи со новиот тим, но македонскиот ас поседува квалитети за да се избори за првотимски статус.

А доколку тоа се случи на самиот старт на сезоната, тогаш веќе во првото коло Влатко Стојановски ќе има меѓусебен дуел со Килијан Мбапе на спротивната страна, но и со многубројните врвни дефанзивци од тимот на ПСЖ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *