Стефанија Маринковска го потпиша првиот договор со ЖФК Каменица САСА

Стефанија Маринковска го потпиша првиот договор со ЖФК Каменица САСА

Младата Стефанија Маринковска потпиша прв договор со својот матичен клуб ЖФК Каменица САСА од Македонска Каменица.

16-годишната Стефанија Маринковска, доаѓа од младинската школа на ЖФК Каменица САСА. Веќе има настапувано за првиот тим на актуелниот двократен шампион на Македонија, каде со солидно прикажаната игра од клубот, оправдано очекуваат во иднина, да биде еден од главните носители на играта.

ЖФК Каменица САСА следното редовно коло од Првата македонска фудбалска лига го игра на гости, на 20. Април, против еден од главните ривали за првото место во првенството, екипата на ФК Љуботен од Тетово.

16. Април е термин предвиден за одигрување на натпревар од Купот на Македонија, но противникот дополнително ќе биде одреден со ждрепка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *