Стапија на сила измените на законот за безбедност во сообраќајот

Стапија на сила законските измени во Законот за безбедност во сообраќајот. Со нив се предвидува повеќе да не се пишуваат и казнени поени.

„Полициски службеник може да исклучи возило од сообраќај и привремено да го одземе возилото до утврдување на техничка исправност, но не подолго од три работни дена. Ако биде утврдена техничка неисправност на возилото која се однесува на предизвикување на голема бучава или во случај кога сообраќајната дозвола за возилото е со изминат рок на важност од шест или повеќе месеци, возилото се одзема во времетраење од 90 дена“, стои во донесените измени.

Од сообраќај веднаш ќе бидат отстранети и возачите без положен возачки испит или со истечена возачка, како и оние кои што управуваат возила под силни дејства на антидепресиви, кои возат уморни, пијани, дрогирани. Според законот сите трошоци во вакви случаи ги сноси возачот. Во законските измени дел од казните се намалени и до 50 евра.

Возачите делумно слушнале за новите измени.

Со измените се зголемува и рокот на важноста на возачката за лицата постари од 75 години. Од сега тие ќе треба да ја продолжуваат возачката на 5 годни, а не на три како што беше досега.

Во законот вметнати се и електричните тротинети.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *