Стаменкова оствари прием на ученици од каменичките училишта добитници на државни награди

Македонска Каменица, 06. Јуни 2019 година – Денес, во просториите на општина Македонска Каменица, градоначалниката Соња Стаменкова приреди прием за учениците кои имаат освоено награди на државните училишни натпревари во учебната 2018/19 година.

 

Градоначалникот Стаменкова им ги честиташе големите успеси на учениците и нивните ментори и во оваа пригода изјави: „Најпрвин морам да ви признаам дека се чувствувам прекрасно што денес во толкав број сте присутни овде, како ученици од нашата Општина, наградени на државните натпревари од оваа учебна година. Радува што гледам многу насмеани и ведри лица, кои освоија награди и пехари, нешто кое претставува големо задоволство за нас и како Локална самоуправа и како граѓани на Македонска Каменица. Вашите достигнувањата во сферата на образованието и спортот, и сето она што го правите за нашата општина, заедно со вашите ментори, верувајте дека не само мене како градоначалник на Македонска Каменица, туку и сите каменичани ги прави посебно горди.
Ние како Локална самоуправа во иднина, посветено ќе работиме на дополнителна промоција на вашите успеси и достигнувања. Донесете ни многу вакви победи, радост и гордост, а ние како локална самоуправа сме тука да ве поддржуваме низ различни форми и механизми, со заедничка цел е да ја профилираме и промовираме Македонска Каменица како еден од врвните градови во сферата на образованието и спортот кај младите на национално ниво.
Во таа насока, сакам уште еднаш да Ви посакувам уште многу успеси, со кои заеднички ќе се гордееме. Ви посакувам и во иднина со вашите достигнувања да бидете достојни репрезенти на општина Македонска Каменица“.

Присутните наградени ученици и ментори, во знак на благодарност на градоначалничката Стаменкова и врачија „Благодарница“ за несебичната поддршка која што во изминатиот период ја добиваат од општина Македонска Каменица, на чело со градоначалничката Соња Стаменкова.

Општина Македонска Каменица, во својата Програма за работа покрај финансиските ваучери како награда за учениците и нивните ментори за освоени места на државни и меѓународни натпревари, има предвидено и наградно патување кое дополнително ќе биде договорено во склад со желбите на учениците и можностите на Општината. На наградното патување покрај наградение ученици и ментори патуваат и граѓани на општина Македонска Каменица, кои имаат остварено врвни достигнувања во областа на спортот, образованието и културата, со што даваат свој допринес во развојот и промоцијата на Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *