Ставен под контрола пожарот на градската депонија во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 29.08.2021 година – Денес, од раните утрински часови гореше депонијата во Македонска Каменица. Екипите на ТППЕ Македонска Каменица и ЈП Камена Река сѐ уште се на терен. Непознати се причините кои го предизвикаа пожарот кој утрово ги вознемири каменичани.

Пожарот е ставен под контрола, но целосното гаснење е отежнато од присуството на огромната количина на пластика и други лесно запаливи материјали во отпадот.

Повеќе информации во текот на денот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *