ССМ и СИЕР остварија посета на Рудникот САСА

Македонска Каменица, 02.12.2020 година – Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски заедно со Претседателот на Синдикат на индустрија, енергетика и рударство – СИЕР, Игор Ѓерасов ја посетија Синдикалната организација во Рудник САСА, која има ново раководство предводена од новиот претседател Драган Миленковски. Разговарите се водеа за проблемите и предизвиците со кои секојдневно се соочуваат работниците при извршување на работните задачи во Рудникот. За почитувањето на мерките за безбедност и здравјето при работа, како и за потребата од зголемување на платите.
Истовремено, Претседателот на ССМ Димовски,  Претседателот на СИЕР Ѓерасов и Претседателот на Синдикалната организација на СИЕР  во Рудникот Саса, Миленковски остварија средба и со менаџерскиот тим на Рудникот каде дискутираа за унапредување на правата и барањата на работниците.

Текстот од соопштението во целост е преземен од официјалната страна на Сојуз на синдикати на Македонија. Линк до текстот: ssm.org.mk.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *