Срамно гостување во Македонска Каменица на ФК „ФУДБАЛ СТАРС“ од Кочани

Македонска Каменица, 01 Април 2018 година – Како и пред 6 месеци, така и денес, одговорните лица од екипата на Фудбал СТАРС – Кочани на еден нечесен начин сакаа да дојдат до победа против детските екипи на ФК Каменица САСА. Одговорните лица од гостинската екипа, под истиот изговор како и претходниот пат, дека со себе ги немаат легитимациите на дечињата, се обидоа со доста повозрасни фудбалери да ги одиграат денешните натпревари. Домаќините, ги одиграа сите три натпревари(2007, 2009, 2010), но истите беа регистрирани со 3:0, службен резултат за ФК Каменица САСА.

Ова е скоро редовна пракса на послабите екипи кои гостуваат во Македонска Каменица, се обидуваат на секој начин да дојдат до победа, макар и нечесна. Координацијата на делегатот од денешниот натпревар, со судиите и координаторот на детската лига – исток, го осуети овој нечесен обид на гостите. Се надеваме дека во иднина гостите ќе се потрудат повеќе околу тренирањето на своите млади надежи и ќе им дозволат да се надигруваат со своите врсници, оставајќи ги овие начини на манипулации со годините на играчите. Сепак, да не им ја ускратиме желбата за натпреварување на дечињата и земајќи го во предвид присуството на голем број родители, ние дозволивме денешните натпревари да се одиграат, иако знаевме дека гостите се обидуваат на нечесен начин да дојдат до посакуваните победи. – изјави Стојче Милошевски, координатор на младинските и детски екипи на ФК Каменица САСА.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *