Спроведена редовна ЕКО акција на ЈП Камена Река

Македонска Каменица, 10.12.2020 година – ЈП Камена Река спроведе редовна есенска еко акција за чистење на јавните зелени површини во општина Македонска Каменица.
Денес, вработените во претпријатието уредуваа и чистеа повеќе јавни зелени простори во централното урбано подрачје, а спроведувањето на еко акциите, во зависност од временските услови, во наредниот период ќе продолжи и на останатите локации во Македонска Каменица, – изјавуваат од секторот за јавна чистота во Јавното претпријатие Камена Река од Македонска Каменица
ЈП Камена Река покрај спроведувањето на ваквите еко акции со кои дава дополнителен придонес во подобрувањето на јавната чистота во градот, врши редовна дезинфекција на сите јавни површини во градот како превенција од зараза со Ковид – 19.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *