Спортската сала во Македонска Каменица добива нова ултра модерна подлога на теренот

Македонска Каменица, 08.10.2019 година – Започна реконструкцијата на спортската сала во Основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица. Моментално се отстранува стариот и дотраен под од Спортската сала, по што ќе започне поставувањето на новиот ултра модерен и стандардизиран под за ваков вид на повеќенаменски училишни спортски објекти.

Со најниска понудена цена од 3.090.000,00 денари на е-аукцијата Друштво за производство, трговија и услуги ГИВ ГРУП ДОО увоз-извоз Скопје е избран за најповолен изведувач. Предвидениот рок за изведба на градежните активности е 5 месеци од денот на потпишување на Договорот за реконструкција и санација.

Со ова, општина Македонска Каменица преку спроведувањето постапката од страна на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ започнува со реалзација на програмските определби и дадени ветувања за зголемена грижа за младите и подобрување на условите за работа во училиштето и спортските клубови во Македонска Каменица.

Споретската сала во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица, иако е изградена во почетокот на осумдесетите години на минатиот век, освен вршење на ситни поправки на оштетувањата, воопшто не е реновирана или санирана. Ова е само прв чекор од предвиденото целосно реновирање и обнова на овој спортски објект од огоромно значење за граѓаните на Македонска Каменица и развојот на спортот во општината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *