Со чистењето и замената на филтерскиот слој на изворот Горештица каменичани добиваат чиста и поквалитетна вода за пиење

Македонска Каменица, 25.07.2020 година – ЈП „Камена Река“ започна со чистење и целосна замена на филтерски слој на зафватот за вода за пиење, Горештица. Со ова, се обезбедува почиста вода за пиење, а истовремено се зголемува и капацитетот на истата.
 
Ова е прва активност која се спроведува по изградбата на зафатот за вода. Претходно, во изминативе две години, со ваков третман беа опфатени и изворите во с. Моштица и с. Цера.
 
Средствата во висина од 300.000,00 денари за оваа инвестиција на општина Македонска Каменица, се издвоени од буџетот на ЈП Камена Река.
Како претпријатие задолжено за снабдување со квалитетна вода за пиење на домаќинствата и константно одржување на водоводната мрежа и изворите на вода, Камена Река и во иднина ќе продолжи со редовните активности потребни за овозможување на наведените потреби на граѓаните на опшина Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *