Со една песна го покори светот и исчезна

psyДо денес, песната на Јутјуб е прегледана преку 2,5 милијарди пати. Вистинското име на овој рапер е Парк Јае Санг, а песната пред четири години преку интернет се прошири со брзина на молња, стана најпопуларна песна на корејскиот поп рок во историјата и се запиша во Гинисовата книга на рекорди. Поради големата популарност на музичарот, Јужна Кореја се најде во центарот на вниманието, а Псај стана амбасадор на туризмот.

Следуваа уште две песни,но ни одблизу не го повторија успехот на „Гангнам стајл“. Во 2013 година, Псај признал дека големата популарност имала лошо влијание по него и дека се свртел кон алкохолот.

Спомнатиот хит и денес се слуша. Гангнам означува елитен кварт во Сеул, што Псај го исмева во својата песна. „Гангнам би го споредил со Беверли Хилс, бидејќи во него живеат богати и славни. Изворните жители на Гангнам никогаш нема да се фалат со своето потекло, за разлика од новите богаташи кои се опседнати со изгледот, парите и модата. Јас зборувам за тие позери, за луѓето кои очајнички се трудат да бидат нешто што не се, објаснил тогаш Псај. Денеска живее анонимно, во обид да се врати, барем приближно на некаков успех. Многу е тешко, речиси невозможно да го повтори успехот на својот најголем хит.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *