СОУ “Миле Јаневски Џингар” е државен вицешампион во женски фудбал за средни училишта

Вчера, 11. Мај 2023 година на стадионот “Павел Шатев” – Ќумурно во Битола се одиграа Државните натпревари во фудбал во женска конкуренција за Средни училишта.

Екипата на СОУ Миле Јаневски Џингар од Македонска Каменица е државен вицешампион во ова државно натпреварување. Во финалниот натпревар се сретна со екипата на СОУ Методи Митевски Брицо од Скопје.

Трето место е екипата на гимназијата Таки Даскало од Битола.

 

Ова е очекуван успех на каменичките фудбалери, бидејќи голем дел од учениците при СОУ Миле Јаневски Џингар се членови на најтрофејниот женски фудбалски клуб во поновата историја на македонскиот фудбал, екипата на ЖФК Каменица САСА. Ова е уште една потврда дека Македонска Каменица ја има една од најдобрите фудбалски школи во државата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *