СОУ „Миле Јаневски Џингар“ – домаќин и победник на третиот турнир од Државната женска училишна лига во кошарка

Македонска Каменица 25. Април 2018 (Каменица.Мк) – Вчера, во спортската сала во Македонска Каменица се оддржаа натпреварите од третиот турнир од Државната училишна лига во кошарка – женски. Во ова натпреварување, апсолутен победник е екипата на СОУ “Миле Јаневски  Џингар” од Македонска Каменица, без ниеден пораз од досегашниот тек од лигата, со освоени максимални 12 бодови. На вчерашниот, трет турнир беа постигнати следниве резултати:

СОУ “Никола Карев“ Скопје 17 – 35 СОУ “Миле Јаневски-Џингар“ Мак. Каменица
СОУ “Коста Сусинов“ Радовиш 37 : 17 СОУ “Васил Антевски-Дрен“ Скопје
СОУ “Васил Антевски-Дрен“ Скопје 10 : 29 СОУ “Никола Карев“ Скопје
СОУ “Миле Јаневски-Џингар“ Мак. Каменица 39 : 9 СОУ “Коста Сусинов“ Радовиш

Конечна ранг листа – пласман (по одржаниот трет турнир)
1. СОУ “Миле Јаневски-Џингар“ Мак. Каменица 12 бода
2. СОУ “Коста Сусинов“ Радовиш 6 бода
3. СОУ “Никола Карев“ Скопје 6 бода
4. СОУ “Васил Антевски-Дрен“ Скопје 0 бодови

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *