Соопштение за сите физички и правни лица даночни обврзници од општина Македонска Каменица

Се информираат сите физички и правни лица, даночни обврзници од Македонска Каменица, кои имаат неплатен долг по основ данок на имот или комунална такса- фирмарина да извршат уплата најдоцна до 15.02.2018 година, во спротивно согласно Законот ќе се пристапи кон присилна наплата на долгот преку деловните банки.

Даночните обврзници, својот долг можат да го проверат во Одделението за финансиски прашања, даноци, такси и други надоместоци на Општина Македонска Каменица, соба бр. 11 или на телефон 033/432-741, локал 120.

 

Со почит,

Одделение за финансиски прашања, даноци, такси и други надоместоци
Општина Македонска Каменица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *