Сообраќајот на патниот правец Македонска Каменица – Кочани останува во прекин поради одрони на патот

Македонија Пат информира дека сообраќајот на патниот правец А3 Кочани – М.Каменица, на делницата од Истибања до брана Калиманци, кај м.в. Ајдучки Камен, е целосно во прекин поради одрон.

За лесните патнички возила сообраќајот се пренасочува преку регионалниот патен правец Р2345 Кочани – Виница – Бигла – Делчево.

Тешките товарни возила и автобуси се пренасочуваат преку регионалниот патен правец Р1304 Кочани – Виница – Берово – Делчево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *