Сончево со северен ветер

Сончево со слаб северен ветер

Каменица, 26 октомври 2017 (kamenica.mk) – Времето во Македонија изутрина ќе биде свежо, а во текот на денот претежно сончево и потопло со слаб северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од нула до осум, а дневната од 15 до 21 степен.

Во Каменица ќе биде сончево со слаб северен ветер. Температурата ќе се движи од четири до 19 степени.

И утре преку ден ќе биде суво и уште потопло. Ново значително заладување проследено со засилен северен ветер и локален дожд ќе има в сабота.

В недела ќе има преодно стабилизирање, а од понеделник повторно се очекува заладување со засилен ветер и врнежи од дожд и снег на планините

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *