СНЕГ И ДОЖД ОВАА НЕДЕЛА: Се очекува доста студено време

Почетокот на неделава не очекува облачно и студено со повремени врнежи од дожд и снег. Времето во целата земја ќе биде значително облачно, а во северните и источните делови, метеоролозите прогнозираат слаби врнежи од дожд, додека на повисоки места  ќе има врнежи и од снег. На места се можни и краткотрајни врнежи од замрзнат дожд.

Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер со брзина над 60 км/час. Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје , Крива Паланка и Берово 4 Целзиусови степени, Маврово 2, Охрид, Битола и Кавадрци 6, Дојран 10.

Прогнозата за утре е претежно сончево, по одделни котлини со појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а максималните дневни температури ќе се движат од 4 во Скопје и Маврово, Охрид 7, Битола, Крива Паланка и Берово 5 до 9 степени во Дојран.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *