Следниов период повторно со летни температури

prolet_2015_soncevo_1Времето во Македонија ќе биде сончево, во западните делови со појава на мала облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северен ветер.Утринската температура ќе се движи од два до 11, а дневната од 20 до 26 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

Следува период на претежно сончево време со свежи утра. Дневната температура ќе биде во пораст, особено од средината на неделата, а за време на следниот викенд на места се очекува да достигне и до 30 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *