Скопски Вардар нема рецепт за победа против ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица

Скопски ЖКК Вардар нема рецепт за победа против ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица

 

Во рамки на 14. Коло од Првата женска кошаркарска лига на Македонија, во Скопје со почеток од 17:00 часот, се сретнаа екипите на ЖКК Вардар и ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица. Натпреварот заврши со 65:73 во корист на екипата од Македонска Каменица. Резултат по четвртини: 26-26, 19-14, 17-18, 3-15.

Разиграната Сања Адамовска беше најкорисен играч во редовите на Баскет Кам со 16 поени, 14 скокови и 6 асистенции (индекс 31). Со по 17 постигнати поени ја следеа, секогаш одличните Елена Тасевска и Марија Николов. Кај домаќинките, во играта предничеа Славица Наков со 24 поени и младата Ања Начевска со солидни 20 поени.

 

 

Компактната игра на Баскет Кам, не им дозволи на домаќинките комоција во играта, посебно во вториот дел од натпреварот. Впрочем, во последната четвртина од натпреварот, како да играше само екипата на Баскет Кам. Домаќинките успеаа да постигнат само 3 поени, наспроти солидните 15 поени на гостите.

Со оваа победа екипата на Баскет Кам останува непобедлива екипа во првенството. Комплетната доминација во текот на целото првенство, Баскет Кам девојките ја крунисаа со сигурни победи против буквално сите екипи во врвот од табелата.

Вредно за спомнување е дека, само екипите на Александар Ашаданов (Вардар) и Златко Гоцевски (ЖКК Баскет Кам) немаат ангажирано играчи од странство. Факт што кажува дека, само со системска работа и вложување во развојот на сопствениот играчки потенцијал, како што е случајот во работата на ЖКК Баскет Кам и Вардар, може да бидат постигнати врвни резултати кои гарантираат целокупен развој на македонската женска кошарка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *