Симултан натпревар на велемајсторот Габриела Коскоска со шахистите од Македонска Каменица

Македонска Каменица, 13. Јули 2019 година – Денес во просториите на шаховскиот клуб “Каменица – Саса” во Македонска Каменица се одржа симултан натпревар помеѓу членовите на клубот со шаховскиот велемајстор д-р Габриела Коскоска.

Настанот го отвори градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова која ги поздрави присутните шахисти, го изрази своето задоволство од големиот интерес за денешниот настан, издвојувајќи го големиот интерес на младите шахисти од Македонска Каменица.
Понатаму на настанот свој збор имаше шаховскиот велемајстор д-р Габриела Коскоска, која што пред присутните зборуваше за своите почетоци, своите позначајни натпревари, како и за убавините во животот кои и ги овозможила шаховската игра.
Инаку д-р Габриела Коскоска е повеќекратен првак на Македонија, како и повеќекратен шампион на многу меѓународни натпревари.

На крај од страна на претседателот на ШК “Каменица – Саса”, Лазо Стаменковски беше истакнато дека ова е еден од низата настани кои што клубот ги има планирано да ги реализира во текот на летото. При тоа покрај редовното работно време на клубот, од 17 до 21 часот секој работен ден, продолжуваат и редовните саботни предавања за најмладите членови, како и организирањето на симултани натпревари со истакнати шахисти од државата. До крајот на летото клубот планира организација на неколку турнири, како и организација на Отворено првенство на Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *