Се укинува забраната за продажба на алкохол во вечерните часови

Временото ограничување на продажбата на алкохолот е минато, но и натаму остануваат специфични местата на кои ќе се врши продажбата на овие пијалаци.

Бензинските пумпи нема да можат да продаваат алкохол , со измените на законот за трговија алкохолни пијалаци ќе се продаваат по 19 часот, продажбата и натаму ќе се врши во лиценцирани продажни објекти. Лиценците остануваат, законот е доставен во  ЕНЕР додека трае постапката бизнисмените може да достават барања, вели министерот за Економија Бектеши.

Досегашните ограничувања не ја намали консумацијата на алкохол кај младите. Стопанската комора пред повеќе од осум месеци побара измени за продажбата на алкохолни пијалаци, со цел за да се намали штетата  на бизнисите,според нив со ограничувањата единствено се намали бројот на трговци, опадна и продажбата на пиво и вино во земјата.

Покрај укинување на временското  ограничување за  продажба на алкохол стопанствениците бараа да бидат укинати лиценците или да биде намалена висината на надоместокот што треба да се плати за добивање лиценца. Од министерството за економија потврдија, лиценците остануваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *