Се одржува осмата „Бабина баница“ на комплексот Еленец – најголемиот собир на пензионери во државата

Македонска Каменица, 02.06.2019 година – Денес, на манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера, Македонска Каменица се одржа осмото издание на традиционалнта пензионерска манифестација „Бабина баница“. На покана на каменичкото Здружение на пензионери, илјадници гости од сите краеви на државата го посетија „Еленец“ на еднодневно дружење и уживање во културно-уметничката програма, природните убавини и манастирот „Покров на Пресвета Богородица“. Победници во натпреварувачкиот дел – подготовка на баница под вршник, беа домаќините, екипата на Здружението на пензионери од Македонска Каменица.

Илјадници гости од сите краеви на државата, како и посетители од Србија и Бугарија денес имаат можност да уживаат во убавините на Еленец, во повеќечасовната културно-уметничка програма и во натпреварувачкиот дел-подготовка на баница на традиционален македонски начин.

На настанот присуствуваше и градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова која ја искористи приликата да им се заблагодари на Здружението пензионери од Македонска Каменица за прекрасната организација на манифестацијата. Со надеж дека и во иднина тие ќе бидат промотори на традицијата, обичаите и културните вредности на општина Македонска Каменица.

Особена радост ми претставува што во последните неколку години, манифестацијата добива и меѓународен карактер, со учеството на гости и претставници од Белица, Република Бугарија и Босилеград, Република Србија, – додаде во својата изјава, градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова.

Линк до фотогалерија тука

Лошите временски услови беа причина годинешново издание на „Бабина баница“ да не биде една од најпосетените манифестации според бројот на посетители на „Еленец“. Радува фактот што „Бабина баница“ прераснува во манифестација која ја посетуваат пензионерите од голем број на градови од целата држава. Оваа и минатата година имаме гости и од Република Бугарија и Република Србија. Станува збор за Здруженија на пензионери и општини со кои имаме блиска соработка и добри односи, – кажа во својата изјава Јаворка Соколовска, претседател на Здружението на пензионери од Македонска Каменица

Манифестацијата е организирана од Здружението на пензионери од Македонска Каменица, помогната од Рудник Саса, општина Македонска Каменица, Советот на општината и градоначалникот Соња Стаменкова.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *