Се одржа годишното отчетно собрание на ОФС Кочани

Со присуство на 21 делегат одржано годишното отчетно собрание на ОФС Кочани

Во услови на сеуште нерасчистени односи помеѓу претходното и актуелното раководство на ОФС Кочани, синоќа во Конгресната сала на Комплексот Амор се одржа редовното годишно генерално собрание под раководство на застапникот и претседател на УО Љубчо Георгиевски. Во работата на Собранието, покрај 21 делегат,  учествуваа двајца претставници на ФФМм Владимир Гашевски и Лазар Ракиџиев.

Со оглед на турбуленциите околу промената на раководството на ОФС кои се провлекуваат речиси една година, за завршната сметка за претходната година и буџетот за 2019 делегатите се изјаснија воздржано и со за, но без дискусии поради немање материјали и целосни извештаи ,

И најави работа за подобрување и унапредување на состојбите во фудбалот во регионот.

Инаку на Собранието беа верификувани мандатите на уште тројца делегати, кои како што беше речено, не присуствувале на претходното изборно собрание поради оправдани причини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *