Во неделата (07.08.2016), во организација на ЗРСК „ШАРАН“, на Калиманско езеро во Македонска Каменица се оддржа вториот отворен Куп натпревар во дисциплината „риболов со јадица на пливка“ – поединечна конкуреција. Учествуваа натпреварувачи од Бугарија, Косово и Македонија.
Победник на годинашниов Куп натпревар е кавадарчанецот Кире Малинков, втор беше Јуриј Цветков од Бугарија, а третото место го освои Емил Додевски од Крива Паланка.
Оддржувањето на натпреварувањето е поддржано од општина Македонска Каменица и Рудник Саса.