Се обновуваат “легнатите” полицајци во центарот на Делчево

Општина Делчево ги обновува веќе поставените легнати пречки за забавување на движењето во сообраќајот со цел да се придонесе за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот на улиците во градот  Делчево. Досега се поставени 7 легнати пречки на локации на кои првично беа поставени пред 12 години, но поради низа надворешни влијанија беа оштетени. Легнатите пречки се лоцирани на улиците, каде има приоди кон општинските училишта, ООУ „Св.Климент Охридски“, ООУ „Ванчо Прке“,  СОУ „М.М.Брицо“, како и улици каде биле евидентирани сообраќајни назгоди причинети од движење со брзина поголема од дозволената.

Легнати пречки се поставени на улиците „Маршал Тито“, „М.М.Брицо“, „Кеј на ослободување“.

Извор на веста: iPortal.mk

lezhachki 1_resize

lezhachki 2_resize

lezhachki_resize

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *